Пет дена им доцни платата на наставниците. Поради тоа реагираше Синдикатот за образование. Јавно објаснување во врска со ова, преку ТВ21 побара и претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
Претседателот на СОНК, Неделков побарал да им се плаќа додаток на наставниците, кои ќе бидат определени според работното искуство.
Во врска со ова се дебатираше и во Генералниот кризен штаб и состанокот на Владата. Како што извести министерот за образование и наука, Арбер Адеми, сменета е уредбата. Адеми вети дека во текот на денешниот ден и утре вработените во образованието ќе ги добијат нивните плати.
„Се смени уредбата за плаќањето, додатокот и компензацијата на сите вработени во јавниот сектор. Беше усвоена ова уредба која опфаќаше плаќањето на платите на вработените во образованието и во текот на денешниот ден и утре ќе се врши плаќањето“, вели Арбер Адеми.
Првиот човек на синдикатот е вознемирен и за информациите кои кружат во јавноста дека ќе има кратење на платите и на наставниците. Но, за ова прашање, како што рече министерот Адеми, не е дискутирано досега. Тој вети дека платите во образованието нема да бидат допирани воопшто.
Инаку, иако образовниот процес е прекинат во училиштата, тој се развива електронски, на далечина. Засега и оценувањето на учениците е во тек, а учебната година според сите варијанти ќе заврши на 10 јуни.
