На денешната седница, Советот на јавните обвинители го продолжи ангажманот на Наташа Крстевска Цалева како вршител на должноста Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје.
Со тоа продолжува функцијата на Крстева-Цалева, се со цел да обезбеди континуитет во работата на Вишото јавно обвинителство.
Сепак, постапката за избор на Виш јавен обвинител и натаму тече, информираше претседателот на Советот, Башким Бесими.
