САД и Данска соопштија дека постигнале договор за безбедноста на Гренланд, со што се става крај на дипломатскиот спор поттикнат од заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на територијата со сила.
НАТО го поздрави договорот, оценувајќи дека тој ќе помогне во стабилизирањето на регионот. Трамп изјави дека Данска ќе им даде на САД „трајна контрола врз безбедноста и сите други потреби“ на полуаавтономната данска територија на Арктикот.
Лидерите на Данска и Гренланд го поздравија договорот, наведувајќи дека се очекува тој да ја зајакне безбедноста. Според нив, документот треба да биде потпишан следната недела, додека неговата целосна содржина сè уште не е објавена.
Трамп изјави дека договорот нема да ги чини САД ништо и дека на Вашингтон ќе му овозможи „да го направи она што е неопходно“ за да ја гарантира и заштити безбедноста на Гренланд.
Тој исто така рече дека договорот содржи правило според кое ниту еден противник на САД нема да може да одржува воено присуство или да прави значителни инвестиции во Гренланд без изречно писмено одобрение од САД.
Портпарол на НАТО изјави дека Алијансата го поздравува договорот, кој, според него, ќе помогне во унапредувањето на безбедноста, стабилноста и соработката во овој стратешки важен регион.
Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека е задоволна што постои можност за постигнување добар договор за сите три страни. Договорот се очекува да биде потпишан за време на Генералното собрание на Обединетите нации следната недела.
