НАТО го зголеми нивото на подготвеност на антибалистичката ракетна одбрана откако вчера беше пресретната ракета лансирана од Иран, насочена кон турскиот воздушен простор, објави портпаролот на Алијансата.
Портпаролот на Високата команда на сојузничките сили за Европа, полковник Мартин О’Донел, изјави дека НАТО го засилило своето „распоредување на антибалистичката ракетна одбрана“.
„Не можам да дадам детали за оваа промена на распоредот од причини поврзани со оперативната безбедност, но прилагодувањето му дава на Врховниот командант на сојузничките сили за Европа точно она што му е потребно за да ја одбрани Алијансата во светлината на моменталната закана“, рече О’Донел, според Гардијан.
