Според НАТО, Русија претрпе околу 900.000 жртви од почетокот на инвазијата на Украина пред повеќе од три години, изјави висок претставник на НАТО, пренесува 24 часа.
Според НАТО, во конфликтот кој избувна на 24 февруари 2022 година, загинаа околу 250.000 војници.
Украина се брани од руската инвазија со широка поддршка на нејзините западни сојузници. Откако силите на Киев успеаја да ја вратат контролата врз дел од територијата што првично ја зазеде Русија, двете страни се најдоа во повеќемесечна војна на трошење, при што Русите постепено остваруваа територијални придобивки.
Според оценката на НАТО, ситуацијата на бојното поле се уште е многу тешка. „Иако не очекуваме голем пробив на украинските одбранбени линии во следните неколку месеци, дури и ако Москва продолжи да напредува, ние веруваме дека Русија ќе продолжи да го зголемува притисокот долж линијата на фронтот и врз Украина воопшто“, рече претставникот на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО во Брисел.
Укажувајќи на неодамнешните територијални придобивки на руските сили во источна Украина, вклучително и во Торечко и во близина на Покровск, официјалниот претставник рече дека Русија ја продолжува својата стратегија за „големи загуби во замена за бавни придобивки“. Русија претрпе 35.140 жртви само во февруари оваа година, според официјалните лица.
