Иако Шар Планина беше прогласена за национален парк сепак и понатаму е полн со депонии. Директорот на паркот, Ибрахим Дехари вели дека тие се последица на неуправувањето со отпадот од страна на седумте општини кои го опфаќаат овој дел, додека пак додава дека има две општини кои не организираат собирање на отпад поточно општините Тетово и Боговиње.
„Некои села во Шар, има 27 села кои се внатре во Националниот парк, во некои села собирањето отпад не се врши од соодветните општини, има вкупно седум општини од Јегуновце до Маврово и само општина Теарце го има регулирано тоа, кое врши собирање на отпад, другите општини не го собираат отпадот, особено општините Тетово и Боговиње, кои имаат села во Националниот парк, но не се собираат редовно од општинските власти“, вели Ибрахим Дехари.
Дехари тврди дека е во комуникација со градоначалниците на општините за ова прашање. И градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, ова го гледа како проблем што треба да го реши централната власт.
„Неуспехот на централната власт се обидуваат да го пренесат на локалната власт, знаете дека во Министерството за екологија имаше проект со кој требаше да се исчистат сите депонии на Шар Планина, што за жал не постои, вие не сте треба да одите до сите депонии, одете на Попова Шапка над викендичките и ќе видите колку е исчистена таа депонија, покриена е само со неколку камиони и со голо око се гледа дека не е исчистена. Само треба да поставите прашање дека има тендерот на Шар Планина и само по примерот Попова Шапка ќе видите дали се исчистени или не“, вели Биљал Касами.
Тендерот за чистење на депониите во Шар Планина по јавна набавка изнесуваше околу 12 милиони и 400 илјади денари. Тендерот во јули 2022 година го доби фирмата „УРБАН ПЛАН КОНСТРАКШН“ од Тетово. Од друга страна, факт е дека ниту општина Тетово ниту Боговиње не го собираат отпадот во планинските села, додека отпадот продолжува да се фрла во реките и бездните, и од жителите, и од месните заедници на селата.
