Научниците потврдија дека го откриле првиот вселенски ураган над Земјата, а станува збор за маса составена од плазма и ширина илјада километри, која е забележана на неколку стотици километри од Северниот пол , објави списанието „Природни комуникации“.
Вселенскиот ураган исфрлаше електрони наместо дожд, имаше неколку спирални краци и траеше осум часа пред постепено да исчезне.
„Досега не беше сигурно дека вселенската плазма воопшто постои, а доказот за нејзиното постоење е неверојатен“, рече Мајк Локвуд, научник од Универзитетот и коавтор на студијата, објави Њујорк пост.
Небесниот спектакл, патем, беше снимен во 2014 година, но тој беше откриен неодамна за време на истражувањето спроведено од научници од Шандонг во Кина.
