Наумовски: Во втората половина од следната година решение за спорот со Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот амбасадор на Македонија во САД и екс вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека во втората половина од 2021 година би можело да се пронајде решение за спорот со Бугарија.

„Пред изборите јас не би очекувал, секогаш кога се формира нова влада, без разлика дали ќе остане владата на актуелниот премиер Борисов или пак ќе дојде социјалистичката партија на власт, ќе може да се постават основите на разговорите коишто би можеле да донесат некаков напредок во однос на ова прашање. Не велам дека самошто ќе завршат изборите веднаш ќе се реши овој спор“, истакна Наумовски.

Тој смета дека за време на словенечкото претседателство во втората половина на наредната година би можеле да очекуваме некаков напредок во однос на ова прашање.