Тројца навивачи на фудбалскиот клуб Валенсија се осудени на осум месеци затвор поради расистички навреди кон играчот на Реал Мадрид Винисиус Жуниор.
Овие навивачи, кои ја признаа вината, добија и две години забрана за влез на фудбалските стадиони, се вели во соопштението за печатот од судот во Валенсија.
Навивачите беа приведени по натпреварот од шпанската лига помеѓу Реал Мадрид и Валенсија на Местаља во мај 2023 година. Натпреварот беше и накратко прекинат поради навреда на Винисиус.
Тоа е прва пресуда за расистички навреди на фудбалските стадиони во Шпанија.