Назим Буши заменик во МВР, Горан Сугаревски директор на Царинска управа?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поминаа две недели од именувањето на новите министри.

Коалиционите партнери СДСМ и ДУИ се уште преговараат за заменици министри, државни секретари и директорски места.

ТВ21 од извори блиски до двете партии дознава дека ДУИ се откажале од заменичкото место во МОН за да го задржат директорското место во Македонија пат. Заменик во МОН сега припаѓа на Беса.

Неофицијално ТВ21 дознава дека во МВР можно како заменик да дојде Назим Буши од ДУИ, сегашен претседател на УО на Телеком, додека поранешниот министер за транспорт, Горан Сугаревски ќе биде нов директор на Царинска управа.

Исто така, дознаваме дека Китановски од ЈПДП се сели во Македонски железници.