„Не е разбрана добро мерката што ја презентираше Мицкоски“, смета Кочоска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик министерката за финансии Гордана Кочоска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не е разбрана добро мерката која ја презентираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Во однос на тој предлог што го даде претседателот Мицкоски некако гледам дека во јавноста се шират дезинформации дека парите ќе се повлечеле од пензиските фондови, па луѓето ќе останат без пензии“, додаде Кочоска.