„Не ги извршив убиствата, немам мотив за тоа – ако сакав можев да уценувам милијардери со Ферари, но не сум го направил“, вели Палевски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Љупчо Палевски – Палчо сведочи во Кривичен суд за убиствата на Вања и на Панче. Тој негира дека ги извршил убиствата, и покрај тоа што од другите обвинети беше посочен како директен сторител на овие дела.

Палчо одговараше на прашање на својот адвокат Јовица Страшевски.

Страшевски: Дали вие ги извршивте убиствата?

Палевски: Не. Немам мотив за тоа. Во ОЈО се наоѓа хард диск Тошиба кој ми го одземаа со записник во кој има над 200 илјади телефонски разговори, гнасотии на оваа политичка елита, но и на новинарската професија. И доколку сум сакал да реализиран било какво користољубие, сум можел да уценувам милијардери со Ферари и останати, но ете тоа не сум го направил. Така што не само што не сум го направил, туку немам мотив да направам такво злосторство.

Страшевски: Се познавате ли со останатите обвинети и опишете како?

Палевски: Па ги познавам сите, освен Александар. Александар го запознав во кривична пријава. Влатко Кешишев беше домаќин во партијата, патриотски расположен, вреден, политички неук, но политички стабилен. Чесен Македонец, кој си ја сакаше Македонија и затоа се договоривме лесно и брзо. Велибор Манев го познава, исто така од ангажман прво во здружението, а потоа и со основањето на општинската организација во Велес, амбициозен и алчен за пари. Имаше неколку конфликти во партијата за пари, меѓу кои и сведокот кој беше Стефан Димовски од Струмица, меѓусебни имале купопродажба на некаква земјоделска механизација, па Велибор не го доплатил износот па имаше и агресивен испад на Велибор помеѓу нив двајца, каде јас морав да интервенирам и да санирам, но исто така Трајче Петрушев мислам дека од Швајцарија му позајмил 1000 швајцарски франци, па ме исвести мене како претседател на партијата ми прати од Вестер Унион во кој се гледа дека му дал 1000 швајцарски франци по што јас интервенирав и го решив тој проблем. Парите се вратени, за да нема расправии и компромитација. Боре Видевски го познавам откако Велибор Манев го зачлени во Десна. Скромен, дисциплиниран и посветен на работата, не сум имал шанса социјално да се дружам со него за подобро да го запознам. Целокупното наше познавање беше последница на партиски ангажман. Што се однесува до Александар Ѓорчевски името и презимето ги прочитав од кривичната пријава кога ми ја достација во келија. Тоа е за познанствата.

Палевски претходно кажа дека не е ниту монструм, ниту убиец и посочи дека е под линч од медиуми, и дека е киднапиран од Кривичниот суд.