Венко Филипче, министерот за здравство на новинарско прашање дали е вистина дека граѓани одбивале да примаат решенија за изолација поради тоа што истите не биле двојазични.
„Се соочуваме со проблеми околу решенијата. Има и такви причини, но и други најразлични причини зошто не ги примаат решенијата. Потоа даваат грешни информации, грешни адреси, грешни телефонски броеви и тоа навистина ја отежнува работата. Побаравме помош од Собранието од правната служба за издавање и доставување на тие решенија“, рече Филипче и апелираше да се даваат вистински информации.
Тој рече дека се размислува да се објавуваат и јавно оние кои треба да одат во изолација, со што ќе им се олесни на епидемиолозите.
„Размислуваме јавно да бидат објавени оние кои треба да бидат во самоизолација, особено оние кои не сакат да соработуваат со здравствениот инспекторат. Со тоа ќе се олесни работата“, рече Филипче.
