Не ја фрлајте кората од портокалот, може да ја искористите за повеќе работи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доколку веднаш ја фрлате кората од портокалот кога го јадете, тогаш не сте единствени. Но, можеби ќе престанете кога ќе видите за што уште може да се користи.

Ги отстранува дамките од вода – при миењето на садови, може да останат дамки од вода, особено ако е т.н. „тврда“. Протријте ги садовите со кора од портокал, и тие ќе исчезнат.

Со кора од портокал може да ги чистите дрвените површини.

Исто така таа е одлична за бркање на инсекти, само оставете неколку парчиња каде што се појавуваат инсектите.

Исто така може да ја користите кората од портокал и како освежувач. Прво исушете ја кората, а потоа сомелете ја и спакувајте ја во мали платнени вреќи и оставете ги по собата.

Доколку шеќерот ви се стврданл, може да го ставите парче од кора од портокал, и во рок од еден час би требало да омекне. Особено ова важи за кафеавиот шеќер.

Кората од портокал може да ви послужи како природен пилинг за тело. Нанесете на телото кора од портокал додека се туширате.

Исто така кората од портокал го ублажува мирисот на ѓубрето. Ставите неколку парчиња кора од портокал под кесата за ѓубре, и ќе го неутрализира мирисот.