Не ја користете левата рака, не одбивајте овошје, не го солете јадењето… 7 работи кои треба да ги избегнете во други држави

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За да не излезете дека сте непристојни во некои држави кога патувате низ Светот, добро е да знаете некои работи кои не треба да ги правите во одредени земји.

Еве некои работи:

Египет – внимателно со левата рака

Левораките луѓе во Египет би можеле да имаат проблеми. Левата рака во оваа земја се смета за „валкана“, рака со која се облекуваат обувките. Локалците се уверени дека јадењето со лева рака е нехигиенски. Нема да ви замери никој ако го земете лебот со лева рака, но се очекува да го јадете со десна.

Авганистан – не фрлајте леб

Дури и ако ви падне на подот, лебот немојте случајно да го фрлате. Авганистанците во тој случај ги подигнуваат парчето леб, го бакнуваат, и го враќаат во чинијата. Исто очекуваат да го направат и странците.

Мексико – Буритоси се јадат со рака

Буритос е традицонално мексиканско јадење. Кога ќе се најдете во оваа земја, во некој ресторан, и кога ќе го нарачете, ќе треба да го изедете со раце. Тоа традиционално се јаде без прибор, па така кога ќе ви стигне на масата, немојте да барате прибор.

Португалија – немојте да го посолувате јадењето

Во Португалија се смета за непристоен потег да ја посолувате храната, затоа што со тоа автоматски покажувате дека не е добро подготвена. На маса нема да најдете сол, а ако не сакате да ве гледаат чудно, немојте ниту да барате.

Јапонија – не одбивајте овошје

Ако Јапонците ви понудат овошје или нешто слатко, ни случајно немојте да одбиете, затоа што може да се покајат што воопшто ви го понудиле. На тој начин Јапонците покажуваат гостољубивост, па немојте да бидете „расипувач на забави“.

Иран – немојте да земате самите репете

Кога ќе се затекнете во кости во Иран, пристојно изедете го она што ви е сервирано, и немојте веднаш да земете уште еден оброк. Љубезните домаќини сигурно ќе ви понудат и самите, но немојте да земате сами, затоа што така ќе ги навредите.

Буенос Аирес – дожд одложува се

Во главниот град на Аргентина има едно непишано правило, по кое дожд ги одложува сите планови. Едноставно кога е дожд, не работи ништо, па немојте да се чудите кога некој локал не работи кога надвор врне дожд.