Доколку уставните измени не поминат во оваа влада, што ќе се случи во овој правец во новата влада после парламентарните избори? Политикологот Тони Поповски во емисијата 21Анализа на ТВ21 рече дека е нереално некоја друга влада да успее повторно да преговара за нова преговарачка рамка која би ни одговарала нам.
Поповски појасни зошто е оптимист дека 2030 е реална година за проширување на ЕУ.
Поповски додаде дека е потребно да се комуницира со европското општество. Според него, треба да се објаснат придобивките од проширувањето на ЕУ, но и која може да биде опасноста доколку се случи да не се понуди реална перспектива.
