„Не може да се прави свадба кога тоа е забрането, и згора на тоа да не се соработува“, рече Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Венко Филипче истакна незадоволство од непочитување на мерките, мислејќи на семејните веселби во Охрид и во Скопје, кои придонеле за зголемување на бројката на заразени, и можеби ќе има уште.

„Недозволиво е да се прави свадба кога е тоа забрането. Згора на тоа да не се соработува и да не се кажуваат информации. Тоа е загрозување на јавното здравје“, рече Филипче алудирајќи на случаите во Скопје и во Охрид каде што имало семејни веселби, и бројот на новозаболени се зголемил, и згора на тоа десетици луѓе се во изолација.