„Не му помогнав на Груевски да добие азил“ – Даштевски тврди дека е нај непартиски кандидат досега

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Членовите на Државната изборна комисија се заколнаа дека ќе ја вршат работата совесно и одговорно според Уставот и законите на државата.

Но, во јавоста имаше бурни реакции за предогот за претседателската функција.

Александар Даштевски негира дека оваа функција ја добил затоа што му помогнал на поранешниот премиер Никола Гревски да добие азил и затоа што актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски исполнува ветувања кон него.

А.Д.: „Не“.

– Дали сте сигурен?

А.Д.: „100 отсто“.

Даштевски вели дека предлог од партијата на ВМРО-ДПМНЕ е до изборот, потоа самиот закон вели дека треба да се работи стручно, а тоа значи непартиски.  

„Може да се каже дека јас сум нај не партиски од сите, бидејќи јас ниту сум член на едно тело на комисија или партија, ниту сум дел од некои активсноти. Тоа е само во делот на изборот, највероватно верувале дека работам добро и ќе сработам добро“, вели Даштевски.

Тројца од членовите на ДИК остануваат и натаму на своите позиции – Борис Кондарко и Радица Ристеска, кои се предложени од СДСМ и Дитмире Шеху, која доаѓа на предлог од ДУИ, и е досегашна потпретседателка. Нови членови на ДИК Бобан Стојановски предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Ристовски на предлог од СДСМ и Кренар Лога од Алијансата на Албанците.