„Не очекувајте да го промениме ставот“ – Мицкоски: Сакаме да преговараме, но не знаеме со кого

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со доаѓањето на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во Скопје, Владата нема да го промени својот став за евроинтегративниот процес без јасни гаранции за негово завршување – изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој нагласи дека државата има капацитет и волја брзо да го заврши процесот на интеграција во Европската Унија, но додаде дека нема да поддржи, како што рече, „авантури без јасен крај“.

Во врска со можноста за започнување разговори за надминување на пречките на патот кон ЕУ, тој рече дека Скопје е подготвено да учествува на секоја средба, но не знае со кого треба да разговара.

Мицкоски исто така додаде дека без ВМРО-ДПМНЕ процесот не може да оди напред. Токму без гласовите на оваа партија не може да се направат уставните измени, кои се услов за продолжување на овој процес.