Наташа Димитриевска пред емисијата побара мислење од министерот Бојан Маричиќ, кој вечерва гостуваше во ТВ21 во емисијата „Клик Плус“ за сообраќајката кај „Млечен ресторан“ во која таа го загуби сопругот и нејзиното неродено дете.
Свој коментар даде министерот Маричиќ.
„Прво да расчистиме. Станува збор дека Советот на обвинители утврдува дека нема вина кај обвинителката. Но не се исцрпени сите правни лекови, мислам дека има простор пред Апелација да се обрати странката, и да добие нова шанса“, рече Маричиќ.
Министерот за правда рече дека има многу елементи кои јавуваат јавен сомнеж, и сето тоа треба да биде испитано. Дополни дека Врховниот суд може да помогне многу во насочување на вакви случаи.
