Не се планираат рестриктивни мерки за Тетово – има благ пораст на заразени, но нема хоспитализирани пациенти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За Тетово нема да има посебни мерки за изолација или карантин иако има нови случаи со Ковид-19 и нови кластери – изјави министерот за здравство, Венко Филипче. Според него, новите случаи ќе се третираат според стандардната процедура со изолација и епидемиолошка анкета за контактите.

И покрај тоа што од МЗ велат дека бројот на заразени расте во Тетово, во Клиничката болница во засега нема ниту еден хоспитализиран пациент. Мал е бројот на оние кои бараат помош и се со лесни симптоми.

Моментално во Клиничката болница во Тетово немаме хоспитализирани, само имаме рутински контроли на пациенти со лесна слика на инфекции, на три до пет пациенти дневно им се дава потребната терапија и се пуштат дома.“, вели Артан Етеми.

Според Етеми и мобилната болница изградена од Владата не е ставена во функција бидејќи нема хоспитализирани пациенти.

Ние како институција сме подготвени, модулираниот центар е во функција, освен капацитетите кои ги имавме и плус 36 легла и сите кревети имаат пристап до кислород и ги имаат сите услови за лекување на Ковид пациенти. Значи, подготвен е, но не е ставен во функција бидејќи е намален флуксот и немаше потреба.“, вели Етеми.

Според Министерот за здравство, сите граѓани треба да водат грижа и да не влегуваат во ресторантите каде има многу луѓе. Додаде дека сме поминале период со карантин и изолација и затоа треба сами да се грижиме да не се заразиме самите или да не ги заразиме другите.