Не се знае кога ќе заврши поликлиниката во Сарај – жителите чекаат, велат дека одат на приватни прегледи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Вака изгледа објектот на поликлиниката во Сарај. Како што се забележува од снимките таблата е поставена. Утре се очекува да се асфалтира и патот пред поликлиниката, но се уште не се знае кога ќе се опреми со медицинска опрема“, вели репортерката на ТВ21.

Пред 6 месеци од Владата информираа дека градежните работи се завршени, но поликлиниката се уште не е спремна за да прима пациенти. Жителите на Сарај едвај чекаат да имаат амбуланта и сметаа дека многу е задоцнета изградбата на оваа здравствена институција.

„Задоцнето е, задоцнето е“.

Каде се прегледувате?

„Во Ѓорче Петров“.

„Повеќе приватно, кога одиш во државно никој не те прегледува и приморани сме да одиме по приватните клиники. Едвај чекаме, се надевам дека наскоро ќе се реализира“.

Инженерот на компанијата која го гради објектот ни рече дека патот ќе се асфалтира утре. Но Министерот за здравство, Фатмир Меџити, кој е одговорен за овој дел, не даде конкретен рок за опремување со медицинска опрема.

„Не можеме во рок од 2 месеци да ги решиме сите проблеми. Немаме магично стапче. Како што знаете болницата во Сарај е при крај, ќе се опремени и наскоро ќе се пушти во употреба“, порача Фатмир Меџити.

Регионалната поликлиника во Сарај од 1 600 м2 ќе ги нуди следните услуги: дневна амбуланта за семејно медицина, стоматологија, педијатрија, лабораторија, рентген и фармација.

Истата ќе биде дел од Здравствен центар Скопје и ќе услужува сречиси 45 илјади жители на овој дел од главниот град кои немаат ниту една поликлиника во општината, а најблиската се наоѓа во општина Ѓорче Петров.