Не сите трансакции се ограничени во „Алта банка“ – интерните плаќања остануваат без лимит

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И покрај воведувањето неделен лимит од 10.000 денари за одлив од сметките на граѓаните, дел од банкарските трансакции во „Алта банка“ АД Битола ќе продолжат да се извршуваат без ограничувања.

Гувернерот Трајко Славески појасни дека сите интерни плаќања меѓу сметките на физичките и правните лица во рамките на банката остануваат овозможени во неограничен износ.

Ограничувањата се воведени како привремена заштитна мерка, по одлуката на Народната банка да назначи администрација во банката.

Од централната банка посочуваат дека внимателно ќе ја следат состојбата и ќе постапуваат во рамките на законските овластувања.