Во регионалниот серијал „Робин Худ“ оваа седма епизода е позветена на пензионерите. Илија Николовски од партијата на пензионерите во Македонија, кажа дека ситуацијата со пензиите во нашата земја не е ништо полоша од земјите во регионот.
„Најоптимално, минималната пензија би требало да биде 70 отсто од минималната плата, а просечната пензија да биде 60 отсто од просечната плата во државата. Тоа се некои европски норми за да пензионерите да имаат достоен живот. За жал тоа не е достигнато, ниту кај нас ниту во земјите од регионот. И ние не сме многу полоши од земјите од регионот“, рече Николовски.