„Не смееше луѓе од црвените зони со коронавирус да влезат во Македонија без контрола“, вели Татеши

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Докторот Беким Татеши во „EU Click“ на ТВ21 вели дека Државниот здравствен инспекторат не смеел да дозволи влез на наши граѓани од црвените зони со коронавирус.

„Мене ме мачи тоа како Државниот здравствен инспекторат дозволи луѓето кои доаѓа од црвените зони во Италија, влегуваа во Македонија без контрола од аспект на тоа дека не пополниле формулари и замислете тие потоа отишле во своите населени места. Како што се случи со случајот „нула“, кој беше на 25 февруари. Пациентката со својот сопруг отишла во Дебар и сега следува вториот проблем – нивната средба со семејниот лекар. Лекарот ги третирал за сезонски грип што е, не можам да ја наречам грешка, но тоа покажува дека од Министерството за здравство вертикално не се пренесени потребните препораки за да ги почитуваат семејните лекари кои се првата колона на здравствената заштита“, рече Татеши.

„Кога станува збор за овој вирус, сите знаеме дека има непозната еквација, за сите нас е нешто ново, поради таа причина и семејниот лекар во Дебар симптомите кои тој не можел да ги потврди и дијагностицира дека станува збор за коронавирус. Како и да е, ние сега имаме на располагање, беа преземени сите потребни мерки по првата пациентка која ја спомна докторот, сега се преземени сите мерки и има сериозен пристап од 1.200 семејни лекари кои се посветени да направат епидемиолошка анкета согласно препораките на МЗ, Комисијата за заразни болести и експертите“, реплицираше Арслани.