„Не снимаме апсења и не правиме притисок“ – Андоновски: Министерството поднесе 15 кривични пријави за злоупотреби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за дигитална трансформација во изминатиот период поднело вкупно 15 кривични пријави за злоуопотреби, а активно работи на процесуирање и откривање на злоупотреби. Ова во Клик Плус го откри министерот Стефан Андоновски.

Во моето министерство јас имам поднесено 15 кривични пријави, ниту држев прес конференции, ниту објаснувам ниту безпотребно правем некоја помпа, вели Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

ТВ21: За кого се поднесени тие кривични пријави?

Андоновски: За претходното раководства во министерството.

Андоновски: Сметав дека се направени злоупотреби, што помали, што поголеми, што од прашањето на безбедност и сметав дека треба да се повика на одговорност…

Како што вели тој, пет од нив се веќе во судска постапка, односно Обвинителството ги процесуирало до судот, откако спровело истрага.

-Пет се веќе во судска постапка, што значи дека Обвинителството ги процесираше и ги поднесе во судот, што значи дека биле издржани и сериозни, со вештачења до анализи, со дополнувања, со документи. Дел од нив се во постапка во Обвинителството, дел од нив чекам Обвинителството да започне постапка. Недостасува динамика во тој дел морам да кажам, но многу е важно тоа државата постојано да го прави, вели Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Не откривајќи за какви злоупотреби точно станува збор, Андоновски вели дека дека методологијата на работа е систематска и без политички притисоци, не само во неговото министерство, туку и во останатите случаи.

Не снимавме апсења. Не го затвараме СДСМ седиштето. Не правиме притисок, да ги апсиме најблиските соработници на Венко Филипче само затоа што се политички активни, туку методолошки работиме постапка, по постапка, со издржани аргументи, за да тие завршат како што треба, со факти и завршат со судски одлуки како што треба, вели Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Тој се осврна и на скандалот со ИПАРД фондовите, за што вели дека паузите во ИПАРД фондовите се резултат на внимателна анализа на Министерството за финансии и Владата за евентуални злоупотреби, а не блокади, со цел процесот да продолжи со сигурност и транспарентност.