Македонскиот пејач и продуцент Јован Јованов конечно објави нова песна.
Ова е негов прв соло-сингл по 17 години
Се работи за песната „Не ти стои“ која е комплетно негово авторско дело односно тој ги напишал музиката, текстот, а стои и зад аранжманот на песната.
До денес, Јованов компонирал, напишал и продуцирал над 500 песни и добил многу награди и признанија.
Соработувал со многу познати музичари од балканскиот регион, меѓу кои Тоше Проески, Емина Јаховиќ, Адријан Гаџа, Флоријан Беќири, Слаткаристика, Тони Зен, Елвир Мекиќ, Бојан Маровиќ, Слаџа Делибашиќ, Next Time, Влатко Илиевски…
