Не за штедење на сметка на здравјето на луѓето-Протест против кратењето на буџетот за заштита од ХИВ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Само 200 илјади евра нè делат од пандемија со ХИВ, алармираа граѓанските организации за заштита од ХИВ. Околу 24 организации по втор пат протестираа пред Владата против одлуката за кратење на буџетот за 40% во системот за заштита од ХИВ. Тие го бараат спротивното. Зголемување на инвестициите за здравствена заштита и јавно здравје.

Извршниот директор на ХОПС, Хајди Штерјова Симоновиќ вели дека кратењето на буџетот од превентивните програми за превентива од ХИВ, ќе значи исклучување на неколку илјади граѓани и нивните семејства од системот за здравствена и социјална заштита.

Со кратењето на буџетот укината е и мерката за бесплатна фолна киселина за жените од социјално ранливите категории.

Од здружението ЕСЕ истакнаа дека иако буџетот е низок, МЗ секоја година крати по 10% од буџетот за превентивни програми.

Средствата од превентивните програми ги користат околу 10 илјади граѓани од ранливите категории каде спаѓаат брзи тестови за детекција на ХИВ вирусот, прегледи, дијагноза и лекување на сексуално преносливи болести,прегледи на дерматовенеролог и гинеколог, ПАП тестови во руралните подрачја, средства за превенција итн, велат од здруженијата.