Вечерва во 2 часот по полноќ, почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот се поместуваат за еден час напред, што значи дека во 2 часот, ќе биде три часот.
Летното сметање на времето завршува на 31. октомври.
Оваа година требаше да биде последно поместување на стрелките од часовникот, но ЕУ уште нема донесено конечна одлука. Менувањето на времето се применува во Европа и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во други држави. Од европските земји исклучок е Турција, која не ги поместува стрелките на часовникот.
