Неделава ќе биде доставен прочистениот список на добитници на помош од 6.000 денари – ќе треба да се искористат до 25 декември

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Управата за јавни приходи во текот на оваа недела треба до Генералниот секретаријат на Владата да го достави прочистениот список на оние кои добиваат финансиска поддршка од 6.000 денари за купување домашни произоди, со цел  да се направи соодветна објава.

Ова го соопшти директорката на УЈП Сања Лукаревска, наведувајќи дека станува збор за повеќе сетови на податоци кои треба да бидат точни затоа што сите неточни се враќаат на обработка.

Ова е дел од четвриот пакет антикризни мерки, кој предвидува помош од 6.000 денари за повеќе ранливи категории. Станува збор за граѓани со низок доход, самохрани родители, пензионери со пензии до 15.000 денари, невработените кои се пасивни баратели на работа, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, корисници на право на социјална сигурнот на стари лица, деца без родители и родителска грижа…

Средствата ќе се префрлаат на трансакциска сметка на граѓаните, а треба да се искористат до 25 декември.