Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), го објави неделниот извештај, односно ситуацијата со коронавирусот од 19 до 25 април. Забележано е намалување на процентот на новозаразени, додека има зголемување на бројот на смртни случаи.
„Тестирани се вкупно 18.169 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 16,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.443 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 33,8% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 10,6 до 24,0%, просечно 18,0 %. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.228; 35,6%), со неделна инциденца–198,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 292,4/100.000 е регистрирана во Битола.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.226, 35,6%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=640;18,6%), 40-49 (n=601;17,5%), 30-39 (n=525;15,2%) и 20-29 (n=274; 8,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=57; 1,7%) и 10-19 години (n=120; 3,5%). Се забележува намалување кај сите возрасни групи во споредба со минатата недела.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.752 (50,8%) лица од женски и 1.691 (49,2%) од машки пол.
Подобиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус “оздравени” се стекнале 6.122 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 3,4% во споредба со минатата недела.
Пријавени се 211 смртни случаи од 27 градови, 2,4% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 189 лицa биле над 60 години, 18 лица на возраст од 50-59 години и 4 лица од возрасната група од 40-49.“, се вели во извештајот од ИЈЗ.
