Касами се сретна со Бериша: Разговаравме за потребата од подобрување на меѓуалбанската соработка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ВЛЕН, за време на престојот во Тирана, соопшти дека се сретнал и со претседателот на ПД, Сали Бериша, кого, како што рече, „го поздравив за повторниот избор на чело на партијата и му посакав успех“, пренесува ТВ21.

Како што изјави Касами, во фокусот на разговорите била потребата од подобрување на меѓуалбанската соработка, додавајќи дека „ќе ја продолжиме комуникацијата со цел подобра политичка соработка меѓу албанскиот фактор во регионот“.

„За време на престојот во Тирана се сретнав со поранешниот премиер Сали Бериша. Разговаравме за потребата од подобрување на меѓуалбанската соработка, за актуелните политички прашања и за нашата заедничка иднина во ЕУ.
Му честитав за повторниот избор на чело на ПД и му посакав успех во идните политички предизвици. Ќе ја продолжиме комуникацијата со цел подобра политичка соработка меѓу албанскиот фактор во регионот“, напиша Касами.