Недостиг на лични карти, граѓаните нервозни – „Веќе еден месец не можам да го регистрирам автомобилот“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Oтпечатени се над 400 лични карти со новото уставно име Република Северна Македонија. Над 70.000 граѓани чекаат за лична карта. На граѓаните кои се сликале од 5 до 7 јули им беа готови личните карти.

ТВ21: Ја земавте новата лична карта?

-Да.

ТВ21: Колку време чекавте?

-Аплицирав на 6 јули.

Дел од граѓаните се вратија нервозни бидејќи веќе со месеци чекаат да ја подигнат личната карта.

„Не е готова. Кога ќе биде готова? Ќе биде за една недела. Не можам да го регистрирам возилото без лична карта бидејќи помина еден месец откако аплицирав“.

ТВ21: Не е готова?

-Не, не е готова.

ТВ21: Што ви рекоа?

-Ништо…

„Апликациите до 5 јули се готови, поминете следната недела и ќе проверите дали е готова личната карта“.

Други пак земаа лична карта со старото уставно име.

Личните карти се печатат со забрзано темпо, информираат од МВР. Ги повикуваат граѓаните да не прават гужва пред административните служби на МВР, бидејќи ќе бидат навремено известени кога ќе им бидат готови личните карти.

„Апелираме до граѓаните да бидат трпеливи. Сите граѓани кои аплицирале за лична карта ќе бидат информирани навреме кога ќе бидат готови и на кое место можат да ја подигнат истата“, велат од МВР.

Во Собрание се доставени измените на Законот за лична карта, но се блокирани со 1 500 амандмани на Левица, кои ги доставија поради барањето на Движење Беса – на документите за идентификација да фигурира и етничката припадност. За тоа беше донесен подзаконски акт за усогласување на  Законот за Лични карти со Законот за употреба на јазиците, за да може да продолжи процесот на издавање на документите за идентификација. Зошто тоа не е направено порано, премиерот Зоран Заев одговори:

Според член 13,14 и 23 на Законот за употреба на јазиците и врз основа на Уставот на РСМ, беше изнајдена правна формулација. Според член 23 на Законот за јазиците во рок од една година од денот на влегувањето на сила на овој закон сите надлежни институции се обврзани да ги донесат подзаконските акти за спроведување на овој закон. Инаку, документите за идентификација со старото уставно име ќе може да се користат до 12 февруари 2024.