Недостигот на термини за туѓа нега прави хаос – матичните лекари се жалат, има многу барања но термини нема

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство многу ретко обезбедува термини за дополнителните средства за туѓа нега. Матичните лекари велат дека овој  месец само еднаш имало обезбеден термин од министерството, за  оваа категорија на лица. Овој проблем е настанат како што велат во ковид пандемијата , а продолжи и сега иако сите мерки се без малку целосно укинати .

„За болните лица кои имаат законско право за туѓа нега или право на рефундирање на средтсвата од страна на Министерството за труд и социјална политика, за време на пандемијата имаше една тотална блокада која продолжи и сега во 2022 година. Во овој период, до овој момент во кој една третина од месец Мај е веќе измината, Министертсвото за здравство само еднаш дозволило во Мој Термин да има термин за делегирање на пациентите на кои им следува оваа помош“, посочи Генц Селмани.  

Од Центарот за труд и социјална политика за ТВ21 изјавија дека до министерството пристигаат околу 100 вакви барања кои претходно се испраќаат до Комисијата за надзор во Охрид кој пак одлучува дали барањето ќе биде прифатено или не . Од таму велат дека ситуацијата се искомплицирала повеќе поради немањето термини, затоа матичните лекари од регионот каде ќе најдат слободен термин ги испраќаат барањата на нивните пациенти таму , без разлика што живеат во друг град.

„Оваа ситуација која е настаната сега по една тотална блокада поради пандемијата, верувам дека треба да се вратиме на претходната ситуација и да имаме термини секој ден“, додава Генц Селмани.

Термини за проценка се обезбедуваат од страна на Министертсвото за здравство во рамките на Мој термин, затоа матичните лекари бараат термини да има секој работен ден за да се избегне целиот овој хаос што настана од почетокот на пандемијата.