Љупчо Николовски во „Клик Плус“ вечерва во ТВ21 рече дека тој ќе се бори за подобро „поврзување“ на институциите во размена на информациите.
Недозволиво е, рече Николовски, една институција да чека друга еден месец за документ.
„Мора да се фокусираме, поврзувањето на самите институции за размена на информација. Недозволиво е една иснституција да чека на друга еден месец за документ. Јас само ќе бидам од помош, за како потпретседател на владата, ги координирам во делот на ефикасноста и зголемувањето и јакнењето на капацитетите“, рече Николовски.
