Неформален состанок на министрите за труд и социјални работи на ЕУ ќе се одржи денеска во Конгресниот центар Брдо, Брдо кај Крањ. Предвидено е да се одржи и вториот заеднички состанок на министрите за труд и социјални работи на ЕУ со министрите за труд и социјални работи на земјите од Западен Балкан.
Централниот фокус на неформалниот состанок на министрите за труд и социјални работи на ЕУ-членките ќе биде стабилен и инклузивен пазар на трудот во однос на зелената и дигиталната транзиција и демографските предизвици.
Со состанокот ќе претседава Јанез Циглер Краљ, министер за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности на земјата домаќин и претседавач на форумот. Тема на состанокот на министрите од ЕУ со колегите од земјите од Западен ќе биде промовирање на можностите на пазарот на трудот за младите.
