Земјотрес регистриран попладнево во близина на Охридското Езеро

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со мала магнитуда попладнево е регистриран во југозападниот дел на Македонија, во близина на Охридското Езеро. Според достапните податоци од апликациите за следење на сеизмичката активност, потресот бил со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот се случил во 15:34 часот, на длабочина од околу 15 километри.

Епицентарот бил лоциран на координатите 40.963 степени северна географска ширина и 20.769 степени источна географска должина, во близина на брегот на Охридското Езеро, Националниот парк Галичица и населеното место Љубаништа.

Станува збор за слаб земјотрес, каков што вообичаено не предизвикува материјална штета. Потресите со ваква магнитуда најчесто се слабо почувствувани или воопшто не се забележуваат од населението.

Според досега достапните информации, нема пријави за повредени лица или причинета материјална штета.