Негативни се резултатите од тестовите на Ковид-19 на децата и родителите на хемато-онколошкото одделение на Клиниката за детски болести

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Универзитетската клиника за детски болести денеска со соопштение информираше дека се негативни тестови на сите тестирани деца и родители на хемато-онколошкото одделение.

„По најавата на Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче дека се прават тестирање на корона-вирус на сите деца кои се хоспитализирани на хемато-онколошкото одделение, како и на нивните родители кои престојуваат со нив за време на лекувањето, Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје информира дека овие рутински тестирања кои се според протоколите за работа поради новонастаната состојба се завршени и  резултатите на децата и родителите  се негативни на Ковид-19. 

Следно, превентивно ќе се направат и тестови на сите вработени од хемато-онколошкото оддение каде нема заболени или суспектени на вирусот, а по добивањето на резултатите од истите, Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје дополнително ќе информира.“, се вели во соопштението од Универзитетската клиника за детски болести.