Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цените на горивата во Македонија ќе претрпат промени. „Еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 100,50 денари за литар, додека БС-98 ќе чини 102,50 денари, што претставува зголемување од по 3,50 денари.

Од друга страна, дизелот поевтинува за 2 денари и новата цена ќе изнесува 99 денари за литар. Намалувањето доаѓа како резултат на одлуката на Владата за привремено намалување на ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 отсто и продолжувањето на намалената акциза.

Воедно, екстра лесното масло за домаќинства поскапува на 109,50 денари за литар, додека мазутот на 48,243 денари за килограм.