Неидентификуван летечки објект влезе во воздушниот простор на Романија, подигнати борбени авиони

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Романските радарски системи открија мал летечки објект кој навлезе во воздушниот простор во југоисточниот округ Тулчеа, што предизвика полетување на борбени авиони, соопшти романското Министерство за одбрана.

Најверојатно се работи за дрон, иако не е потврдено. Но, оваа земја членка на Европската унија и НАТО, која дели 650 километри граница со Украина, имаше повеќекратни упади на руски беспилотни летала на нејзина територија во текот на изминатата година и половина.

Министерството соопшти дека радарот за прв пат го фатил сигналот нешто по 19 часот на 15 километри источно од Чилија Вече во областа Тулчеа, пренесува Дневник.хр.

Жителите биле предупредени да не ги напуштаат своите куќи, а потоа биле лансирани борбени авиони.

„Нема информации за можен напад на цел на национална територија“, објави Министерството подоцна.

ФОТО: Архива