Неисплатени плати во култура – „Одговорни се директорите на културните институции“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се што требаше да направи Владата, направи и таа не е одговорна за немањето плата во култура, туку директорите на културните институции кои што не ги доставиле на време плановите за систематизација за културните работници да земат плата на време. Вака се изјасни во врска проблемот во култура, техничкиот премиер во заминување, Оливер Спасовски.

За проблемот реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Упатуваат апел платата од месец јули да се исплати веднаш и велат дека колективниот договор е злоупотребен во изборната кампања.

Но од Синдикатот на културните работници велат дека планот за систематизација е направен на време, но Министерството за култура не го разгледало.

Синдикатот најавил тужба против Министерството за култура, бидејќи според нив, околу 3 месеци вработените не ја примиле платата која според колективниот договор требало да ја примат на 15 август. Од Министерството за култура, доцнењето на платата го оправдуваат со кризата предизвикана од Ковид-19 и недоставувањето на планот за систематизација од директорите.