Нејасна останува судбината на потпретседателите на Собранието, бидејќи се уште не е закажана седница. До нивниот избор, парламентарното мнозинство изрази подготвеност да го намали бројот од 5 на 3, но под еден услов, доколку опозициската ВМРО-ДПМНЕ се откаже од својот кандидат, изјави мандатарот Зоран Заев.
За оваа понуда на Заев, опозицијата нема единствен став. Илија Димовски рече дека не треба ВМРО-ДПМНЕ да предлага потпретседател.
Пратеничката Дафина Стојановска додаде дека за тоа ќе одлучат дополнително.
Опозицијата има критики и за начинот како се избрани новите пратеници и најавува тужба до Управен суд, бидејќи според нив, мандатот на новите пратеници требало првично да се утврди од Комисијата за заразни болести а потоа и од Комисијата за утврдување мандати.
Опозицијата има критики и за владиниот состав, но сепак ќе учествува на седницата во сабота.
