Некои „брзи кредити“ водат во кривичен процес, во договорите го нема износот на каматите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Имаат ли право граѓаните да тужат доколку се почувствуваат изманипулирани при земање „брз кредит“? Можат ли правдата да ја бараат по судски пат? Адвокатката Мимоза Салтирова вели дека од правен аспект потрошувачите мора добро да се читаат договорите. Но, овие „брзи пари“ граѓаните имаат можност да ги добиваат по електронски пат каде се се случува брзо.

„Доколку се раководиме од рекламите коишто одат на телевизија каде акцентирано се наведува дека нема трошоци, нема камати бесплатно е се, тогаш можеме да размислуваме за злоупотреба на довербата на граѓаните, нивна манипулација елементи кои водат во кривичен процес.“, вели Салтирова.

„Граѓаните заштитата на своите права можат да ја побараат и во судска постапка. Надлежен суд би бил граѓанскиот кој треба да одреди дали граѓаните се оштетени или не се. Што се донесува до висината на давачките, граѓаните неретко немаат релеватно информации од финанасиските друштва во однос на висисната на каматите не се јасно и прецизно наведени, туку во договорите стои дека каматата ќе се пресметува согласно каматната политика на фирмата“, изјави Јован Андоновски, заменик народен правобранител.

За сите видови на договори каде вредноста надминува 10 000 евра задолжителен е потпис и печат од адвокат.

„Адвокатот без ралзика од која страна е ангажиран дали од страната на доверителот или од страната на должник должен е да ги штити правата и интересите на двете страни. Станува збор за облигационен однос каде се калкулираат правата и обврските на двете страни во тој однос. Но, може да стане збор и за неправилно штитење на правата на граѓаните доколку при склучување на тие договори имало присуство на адвокат“, рече Салтирова.

Смеат ли финанасиските друштва да конфискуваат имот, како банките на пример? Салтирова вели зависи од тоа дали договорот има извршни клаузули. Но, и да нема доколку има правосилна одлука се пристапува кон извршување.

„Во тек се некои измени и дополнувања на Законот за финансиските друштва и токму една од точките кои треба да се земат предвид е ова. Дали финасиските друштва би можеле директно да пристапуваат кон заплена или за тоа треба да се води одредена претходна судска постапка во која ќе се докаже дека доверителот има одреден долг кој не е во можност да го плати па после правосилноста да се пристапи кон извршување.“, вели Андоновски.

Според заменик народниот правобранител пред правосилна одлука не смее да има конфискација на имот. Кај народниот правобранител секојдневно пристигнуваат пријави, но законот ги ограничува само на заштита на човековите право кон државниот институции. Па ги упатуваат правна помош да побараат во Министерсвото за финансии или по судски пат.

Инаку, во 10 финансиски друштва кои одобруваат “брзи кредити“ се констатирани неправилности при контроли од Министерството за финансии во текот на годинава. За осум казна од 16 000 евра и 20 мерки, наредби за остранување на неправилнотите, за две само мерки. Од Народниот правобранител велат и дека имаат голем број на поплаки од граѓани, а како пример беше наведен дека лице кое подигнало 30.000 евра преку „брзи кредити“ морало да врати дури 60.000.