Неколку бугарски опозициски и досегашни владејачки партии бараат комисиска седница за Северна Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Демократска Бугарија (ДБ), ДПС, БСП, ГЕРБ и „Промените продолжуваат“ (ПП) бараат и инсистираат темата Република Северна Македонија денеска да помине на парламентарната комисија за надворешни работи на бугарското Народно собрание, изјави потпретседателот на Народното собрание и пратеник од партијата „Препород“, Цончо Ганев.

Eдна од партиите бара до пладне да се донесе одлука на Народното собрание за укинување на ветото за Република Северна Македонија.

Претседателот на пратеничката група на Демократска Бугарија Христо Иванов утринава на Претседателскиот совет изјави дека разговарал со амбасадорот на Франција во Бугарија.

Ганев изјави дека Иванов прашал дали пратениците можат да ги исполнат потребните критериуми доколку пратениците до попладневните часови одлучат за Република Северна Македонија.

Пратеникот од „Препород“ прокоментира дека целта е утре да има вонредна точка на дневниот ред на Народното собрание за Северна Македонија.

На веб-страницата на Народното собрание има информации за седницата на Комисијата за надворешна политика во 15 часот. Прва точка на дневен ред е изнесување мислење и информација од МНР за нацрт-записник од заедничка седница под чл. 12 од Договорот со Република Северна Македонија од 2017 година и пакетот документи на Претседателството со Советот на ЕУ во врска со процесот на проширување.