Неколку лекари специјалисти од штипското кожно одделение се во домашна изолација, откако биле во контакт со директорката на Клиниката за кожни болести, за која тестовите покажаа дека е позитивна на корона вирус.
Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека лекарките од штипското кожно одделение се во домашна изолација. Епидемиолозите во разговорите и анкетата утврдуваат со колку луѓе лекарките имале контакт.
Ова го потврди и министерот за здравство Венко Филипче кои напомена дека речиси сите од дерматолошката клиника во Штип биле на конфенрецијата која ја водела Биљановска.
