Неколку лица избодени во Даблин, напаѓачот уапсен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата уапсила маж во Даблин, главниот град на Република Ирска, откако неколку лица биле избодени со нож, јавува Скај њуз. Инцидентот се случил во населбата Стонибатер, во близина на центарот на Даблин. Засега не се знае во каква состојба се лицата кои биле нападнати.

Според соопштението на ирската полиција, мажот моментално е во притвор во полициска станица.

„Во овој момент нема опасност за јавноста. Дополнителни информации ќе бидат достапни подоцна“, изјави портпаролот на полицијата.

На местото на настанот и натаму биле присутни голем број полицајци и други служби за итна помош.