Британската полиција соопшти дека едно лице е уапсено откако повредило пет лица со нож во близина на супермаркет во Кројдон, јужен дел на Лондон.
Полицијата во четвртокот наутро била повикана во Марлоу Веј во Бедингтон поради извештаи за прободување со нож во магацин.
На пет лица им била укажана помош од лондонската брза помош на местото на настанот, соопшти службата. Едниот од нив бил однесен во трауматологија, додека четири лица се во болница.
54-годишен маж кој бил пренесен во болница се здобил со повреди кои не се опасни за живот.
„Испративме голем број ресурси на местото на настанот, вклучувајќи екипи на брза помош, болничар во автомобил за брза реакција, офицер за одговор на инциденти, членови на нашата Единица за тактички одговор и хеликоптер на брзата помош. Нашите екипи лекуваа пет пациенти на местото на настанот, пред да однесат еден во голем центар за траума во Лондон и четворица во други болници“, соопшти Веј Кројдон, порпаролот на лондонската служба за брза помош.
