Неколку совети да дознаете дали месото е свежо

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Доколку не сте сигурни околу свежината на местото кое го купувате, тогаш искористете некои од овие совети дадени од Елизабет Решик од германскиот земјоделски центар.

Таа вели дека прво што треба да се види е водата.

„Ако месото лежи во „крвава вода“, тогаш е старо“, вели таа.

Другиот совет е следен:

„Маснотијата на месото дава арома. Квалитетно месо мора да има малку внатремускулни масти, а ќе го проверите дали има бели линии кои изгледаат како вени низ месото“.

Исто така важна е бојата на месото. Телешкото треба да биде светло, а не бело. Истото важи и за живината. Свежото телешко треба да има средна црвена боја, а не темно црвена, додека свежото свинско треба да биде розово, вели таа и додава никако да не се купува сива боја на месо.

Исто така тука е и допирот. Кога ќе го притиснете, тогаш свежото месо ќе се врати веднаш во првобитна положба, додека кај старото ќе остане вдлабнатина.