Неколку средни училишта во Загреб евакуирани поради дојави за бомби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неколку средни училишта во Загреб утрово добија дојава за поставени бомби, учениците и вработените беа евакуирани, а полицијата е на терен.

Неколку училишта во Сплит беа евакуирани вчера поради дојави за поставени бомби , а по извршениот увид беше утврдено дека тие биле лажни.

Вчера имаше лажни пријави не само во Хрватска, туку и во БиХ, како и во Црна Гора.