Неколку трикови како да го разладите домот доколку немате клима уред

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Последните денови во државата е „пеколна“ жештина, па така лекарите советуваат никако да не излегуваме надвор во периодот меѓу 10 и 17 часот, да внесуваме повеќе течности, да носиме светла и лесна облека, но и да водиме сметка околу исхраната.

Климите се пуштени на најсилно овој период, но што ако го немате тој уред дома?

Еве неколку трикови како да го разладите домот без клима уред, но со вентилатор може и тоа како да направите вашиот дом да биде пријатен во текот на жешките денови.

Треба паметно да ги поставите вентилаторите во собата. Не треба да заборавите дека вентилаторите не служат за ладење, туку за проток на воздухот низ собата. Затоа немојте никако да го поставувате вентилаторот веднаш до прозорот. Подобро ставете го на вратата од собата, за да може да го „врти“ воздухот.

Постои еден трик со мраз. Добро би било пред вентилаторот да поставите чинија полна со мраз. Како мразот ќе се топи, така вентилаторот ќе „шири“ ладен воздух.

Ставање на мокра крпа на прозорот е исто така трик како со вентилаторот и мразот. Пред да одете на спиење, отворете го прозорот и ставете преку него мокра крпа, пешкир… Возухот кој ќе струи ќе биде изладен од надвор, а вам ќе ви биде многу полесно.